Клучниот персонал од Командата за операции (КО), заедно со командантите на потчинетите единици, како дел од планираните годишни активности реализираа командантско извидување на југозападниот дел од Република Северна Македонија во рамки на кое се спроведе и реферирање пред командантот на КО, генерал-мајор Павле Арсоски.
Извидувањето на наведениот простор кој е во зоната на одговорност на КО и неговите воено-географски карактеристики се реализираше преку проучување на земјиштето и согледување на можностите за употреба на единиците на Армијата и координација со останатите субјекти на одбранбено-заштитниот систем во државата.
Во рамки на командантското извидување, во авто-кампот „Свети Наум“, во Охрид, со почитување на мерките и препораките за заштита од „Ковид 19“ се реализираше и месечно реферирање на командантите на потчинетите единици пред командантот на КО за реализираните и нереализирани задачи во изминатиот период и тежишни активности за наредниот период.
ЧС/БН