Припадниците на 3. механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада во периодот од 18.08 до 22.08.2014 година реализираа петдневна стручно-специјалистичка обука „Курс за снајперисти“ на гарнизонското стрелиште „Еребино“ во Тетово.
Целта на обуката е воено-стручно и методско надградување на знаењата на војниците снајперисти. Одговорен за курсот беше одреден постар водник 1 класа Зоран Илиевски, кој претходно има завршено курс за снајперисти во Р. Италија.
Во рамките на курсот се реализираа програмски гаѓања со употреба на стекнатите искуства од обуки во армиите на земјите членки на НАТО преку реализирање на следните активности:
- ректифицирање и подесување на снајпериските пушки на 50 метри;
- гаѓања со снајперска пушка на цели на 100 и 200 метри и
- гаѓање на цели во услови на физички напор на снајперистите, каде секој снајперист, пред да го изврши гаѓањето, прави по 10 склека, 10 клекнувања, трча 100 метри и ползи 10 метри.
Обуката беше реализирана според планот и притоа уште еднаш се потврди дека припадниците на АРМ успешно ги имплементираат стекнатите искуства од обуката во странство со припадниците на другите армии.