На ден 03.09.2014 година во касарната „Чеде Филипоски-Даме“ во Кичево и на ден 04.09.2014 година во касарната „Јане Сандански“ во Штип се спроведе акција за доброволно дарување на крв по повод 8-ми Септември – Денот на Независноста на Република Македонија.
Во оваа прилика припадниците на 4.механизиран пешадиски баталјон и 2.логистички баталјон од Кичево ја покажаа и потврдија својата хуманоста дарувајќи 59 крвни единици, додека во гарнизонот во Штип припадниците на 2. механизиран пешадиски баталјон и 1.логистички баталјон даруваа 40 единици на крв.
Припадниците на Армијата на Република Македонија традиционално неколку пати во годината организираат и спроведуваат крводарителни акции потврдувајќи ја својата хуманост и давајќи го својот придонес во спасување на човечки животи.