Припадниците на 15. инженериски баталјон на Вооружените сили на САД (15.инжб/ВС на САД) на АП „Криволак“, во организација на инженерискиот баталјон (инжб) од составот на Командата за операции (КО), реализираа подготвително гаѓање на реден број 1 (ПГ-1) со автоматска пушка (АП) М70 АБ2 7,62 мм. Целта на гаѓањето е обука со АП М70 АБ2 7,62 мм и запознавање на припадниците на 15.инжб/ВС на САД со личното вооружување на припадниците од инжб.
Претходно, припадниците на 15.инжб. беа запознаени со намената, борбените карактеристики и употребата на АП М70 АБ2 7,62 мм, ставовите за гаѓање, содржината и командите за гаѓањето и мерките за безбедност кои треба да се запазат и почитуваат.
Практичната примена на оружјето се реализира на стрелиштето „Брест“, со запазување на сите мерки за гаѓање на стрелиштето, како и запазување на мерките и препораките за заштита од COVID-19.
Обиколка на гаѓањето извршија командантот на Командата за операции, генерал-мајор Павле Арсоски и командантите на двата инженериски баталјона, при што упатија пофални зборови за успешно извршеното гаѓање. Согласно постигнатите резултати, се потврдија професионализмот и дисциплината на извршителите од 15.инжб/ВС на САД, како и одличната подготовка и организација за реализација на гаѓањето од страна на припадниците на инжб/КО.
Покрај заедничката инженериска обука со Инжб/КО и 15.инжб/ВС на САД на АП „Криволак“ која започна на 15 март и ќе трае до 15 мај, предвидени се и други содржини, каква што е и денешната активност. Низ заедничката обука се разменуваат различни искуства на двете инженериски единици, што ќе доведе до подобрување во реализација на поставените задачи и на интероперабилноста според стандардите на НАТО.