Во согласност со Годишниот План за обука на Здружена Оперативната Команда (ЗОК) и првопотчинетите единици (ппе) за 2014 година во период од 09.09 до 16.09.2014 во ппе на ЗОК се реализираше информирање на клучниот персонал за актуелни појави и настани во ЗОК и АРМ и тромесечни брифинзи за обука (ТБО) за третото тромесечие од 2014 година.
Информирањето на клучниот персонал беше спроведено од страна на стручен тим составен од припадници на секциите на ЗОК, предводен од заменик на командантот на ЗОК бригаден генерал Мухамет Рацај и началникот на штаб бригаден генерал Стојан Димчов.
Клучниот персонал од командите и единиците кои се воедно учесници и на ТБО, од страна на претставниците на командантот на ЗОК беше запознаен за реализираните задачи во изминатото тромесечие и тежишните задачи за наредниот период, како и за останатите актуелни појави и настани во ЗОК и воопшто во АРМ.
На тромесечни брифинзи за обука командантите на првопотчинетите единици на ЗОК од страна на командантите, командирите и првите подофицери од своите потчинети единици,се запознаа со степенот на реализираните содржини и активности од доменот на обуката и со нивото на оспосoбеноста и обученоста во единиците во изминатото тромесечие.
На ТБО се даде осврт на реализираните и тежишни активности, проблемите со кои се соочуваат единиците во процесот на изведување на обуката, со посебен осврт на предлозите за нивно надминување и приоритетите за обуката за наредното тромесечие.
Информирањето на клучниот персонал на потчинетите единици од страна на командантот на ЗОК и брифинзите за обука се плански и редовни активности кои се изведувуваат на квартално ниво во текот на годината.