Во просториите на Општина Штип се реализира посета од страна на тимови за цивилно-воена соработка од Армијата на Република Северна Македонија и од командата на вооружените сили (ВС) на САД за Европа и претставници од амбасадата на САД со градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов.
За време на посетата присутните беа брифирани за тековните и идните проекти на Општина Штип а за кој свој придонес би можеле да земат учество и ВС на САД учесници на вежбата „Одлучен удар 22“, која ќе се реализира идната година.
Од страна на тимовите беше предложена можноста за реализирање на отворен ден за граѓаните на општината за презентација на опремата и вооружувањето на земјите учеснички на вежбата „Одлучен удар 22“.