Денес во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево со воена свеченост припадниците од 4. пешадиски баталјон (4.пб), го одбележаа 21-ви Мај, Денот на Единицата.
Командантот на 4.пб, потполковник Горан Трајаноски и началникот на штаб на 1.пешадиска бригада (1.пбр), потполковник Горан Петрушевски во своите обраќања, честитајќи им го денот на единицата на сите нејзини припадници, ги нагласија досегашните и актуелните реализирани задачи, како и активностите кои претстојат во наредниот период.
На свеченоста по повод Денот на единицата од составот на баталјонот се доделени стимулативни мерки на персоналот кој најмногу се истакна со својата работа во изминатиот период.
Во пресрет на денот се реализира и крводарителна акција со која персоналот доброволно ја покажа и потврди својата хуманоста доброволно дарувајќи 146 крвни единици.
На денот на единицата присуствуваа и команданти на потчинетите команди и единици на ГШ на Армијата.
НР/ДД