Извидувачките водови од пешадиските баталјони од 1. пешадиска бригада (1.пбр) и одделението за инженериско извидување од инженерискиот баталјон во изминатите денови реализира стручно-специјалистичка обука “Базирање и исхрана во природа”.
При изведувањето на обуката, персоналот се стекна со потребните техники и вештини, самодоверба, користење на флората и фауната како основен и дополнителен извор на храна во услови на отежнато или прекинато снабдување со храна.
За време на обуката изведувани се теми од извидувачка тактика, ориентација на земјиште, изработка на средства за пронаоѓање и собирање на природни артикли кои ги дава флората и фауната, нивна класификација и подготовка за исхрана.
Посебен акцент се даде на оспособување на персоналот за изработка на објекти за работа и сместување, средства за подготовка и чување на храна, средства за фаќање на продуктите кои ги дава дивата флора и фауна, прочистување на водата за пиење со прирачни средства, класификација на артиклите од животинско и растително потекло како и нивна подготовка за исхрана.
Преку разните форми на изведувањето на обука, персоналот покажа високо ниво на обученост и професионализам.