Питомците од трета и четврта година од Центарот за обука на питомци од составот на Командата за обука и доктрини и припадниците од другите единици на Армијата, кои се вклучени во изведување на курсот за командири на водови на АП „Криволак“ реализираа хуманитарна акција во Центарот за помош на лица со хендикеп ,,Порака Неготино”.
Идните офицери на Армијата, во знак на хуманост, ги донираа своите продукти од додатокот на исхраната и воедно им овозможија на децата од најранливите категории да поминат време во разговор со припадниците на Армијата.
Задоволството кое го отсликуваа лицата на децата е доволен мотив за питомците при следната ваква активност повторно да ги посетат штитениците од Центарот.
Командата за обука и доктрини преку ваквите континуирани акции покажува дека хуманоста е една од главните карактеристики на припадниците на Армијата.