Согласно планот за билатералната воена соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за 2021 година, во периодот од 30.08 до 08.09.2021 година, во Центарот за обука на специјалните сили на Вооружените сили на Република Грција во Неа Парамос, дел од персоналот на Баталјонот за специјални сили реализираше основна и напредна обука во нуркање.
За време на обуката Припадниците од баталјонот за специјални сили имаа можност да ги усовршат своите вештини во нуркање и да стекнат нови вештини од страна на инструкторите од грчката команда за специјално војување при изведување на специјални операции во поголеми водени површини.
Заедничката обука, која во изминатиот период ја изведуваа припадниците на Баталјонот за специјални сили, придонесува во зголемување на интероперабилноста од доменот на специјалните сили во Армијата со НАТО стандардите.