Врз основа на Годишниот План за обука за 2021 година, припадниците на командата и штабот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) и потчинетите единици, во периодот од 21 до 24 септември на мирновремените локации, во Центарот за симулации во Командата за Обука и Доктрини (КОД) во Велес и на АП Криволак, реализираа вежба на командно место и задачи кои се планирани согласно планот за активности за време на вежбата.
Цел на припадниците од 1.пбр е да се извежбаат и оспособат во примена на процедурите во текот на процесот на донесување на воена одлука (ПДВО), изработка на документи согласно НАТО стандарди и процедури, употреба на единиците, како и надградување на воено-стручните знаења на персоналот.
За време на логорувањето на АП ,,Криволак“ и на местата за работа, можеше да се види одлична извежбаност и синхронизираност на единиците, висок професионализам и добра координација во реализација на обврските и задачите согласно планот.
Вежбата на командно место е реализирана со фиктивно сценарио и тоа: реализација на боево гаѓање со лично вооружување и стручно специјалистичка обука на персоналот од штабната чета од 1.пбр на АП Криволак, 3. пешадиски баталјон од 1.пбр во Центарот за симулации во КОД во Велес – компјутерска симулациона вежба „пешадиски баталјон во напад” и 1. пешадиска чета од 1.пбр – реализација на стационарно логорување со боево гаѓање со вод.