Bо Командата за обука и доктрини, во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ на воена свеченост последната група на примени професионални војници во Армијата дадоа свечена заклетва.
По дадената свечена обврска, професионалните војници ќе поминат низ процес на обука при што ќе се соочат со совладување на предвидените содржини на основната борбена обука како и основната стручно специјалистичка обука. Притоа ќе се сретнат со предизвици кои се дел од војничката кариера, а влијаат во изградбата на добро обучен, мотивиран и лојален професионален војник.
Пред војниците се обрати командантот на Центарот за индивидуална обука, потполковник Виктор Еркиќ, кој истакна дека целокупниот труд, успех и ангажирање во процесот на обуката ќе биде будно следен и вреднуван, а тоа ќе биде од исклучителна важност за нивната понатамошна кариера.