Во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со воена свеченост на предавање на военото знаме се изврши примопредавање на должноста командант на 3. пешадиски баталјон (3.пб) од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр).
Должноста командант на 3.пб, од потполковник Изеир Ејупи, ја прими потполковник Игор Станковски, кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на 3.пб.
На свеченоста, заменикот на командантот на 1.пбр, полковник Васко Коколански истакна дека единицата досега даде несебична помош во справување со „COVID-19“ како прва ангажирана единица од Армијата, се наврати на досегашните активности кои ги реализираше единицата во изминатиот период и упати честитки до досегашниот и новопоставениот командант.
Досегашниот командант, потполковник Изеир Ејупи, се заблагодари на персоналот од единицата за укажаната поддршка во текот на неговото извршување на должноста, додека новопоставениот командант, истакна дека крајно совесно и одговорно ќе командува со единицата и се заблагодари за довербата која му е дадена за оваа должност.
Од припадниците на баталјонот на досегашниот командант му беше врачена плакета со лого на единицата.
На денешната свеченост присуствуваа началниците на секции од командата на 1.пбр, командантите на единиците од составот на 1.пбр и останати гости.
ГЃ/ЧС