Во Командата за обука, советување и асистенција – Север (КОСА-С), старешините од тимот на Армијата на Република Македонија (АРМ) кој е распореден во оваа команда оствари средба со командантот на КОСА-С бригаден генерал Хералд Ганте.
На средбата од страна на генералот Ганте е оддадено признание на тимот на АРМ за професионализмот и успехот со кој старешините ги извршуваат обврските во рамки на своите функционални должности, како и севкупна благодарност за учеството на АРМ во КОСА-С.
Истакнато е и значењето на капацитетот и ефенктивноста кој персоналот на АРМ го вградува при извршувањето на функционалните обврски во командата наспроти значењето на бројноста на контингентот.
Од страна на старешините на АРМ од тимот беше потенцирано значењето на стекнатото искуство кое штабните старешини го стекнуваат во работата во командата север, како и благодарност за поддршката која армијата на СР Германија како водечка нација во КОСА-С ја дава на припадниците на АРМ во мисијата Одлучна Поддршка.
Средбата на тимот на АРМ е остварена по повод претстојното примопредавање на должност командант во КОСА-С кое е предвидено да се оддржи на ден 19.02.2015 година во кампот „Мармала“ во Мазар е Шариф, при што ќе се оддржи и свечена церемонија.