Во Баталјон за Воздушно наблудување и јавување (бВНЈ) од состав на воздухопловниот ВИНГ на воена свеченост се изврши примопредавање на должност командант на единицата.
За време на примопредавањето свое обраќање имаа Заменик Командантот на вВИНГ, досегашниот Командант на бВНЈ и новоназначениот командант на бВНЈ. Командантот на вВИНГ во своето обраќање му се заблагодари на потполковник Оливер Стојановски за досегашните постигнати резултати, а од новоназначениот Командант мајор Ќемал Џафери честитајќи му ја должноста, побара максимална посветеност на специфичноста и предизвиците на единицата и постигнување на исто така високи резултати при извршување на поставените задачи.
Потполковник Оливер Стојановски во својот говор истакна дека пред него стои обучен и високо мотивиран колектив кој до сега се има справено со секаков вид на задачи и секојпат биле извршени на највисоко ниво, при што им се заблагодари за залагањето и професионалноста.
Новоназначениот командант, мајор Ќемал Џафери се заблагодари за довербата, притоа се посвети на работата назначувајќи дека очекува од составот кој е составен од врвни професионалци да продолжи со посветена работа за постигнување на уште позначајни резултати. Исто така истакна дека ќе ги искористи знаењата и искуствата од досегашното работење во овој баталјон, при што очекува поддршка и ангажирање од сите припадници во реализација на мисијата и задачите на единицата.