Во период од 07.03 до 10.03.2022 година во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп во просторите на артилерискиот баталјон и на стрелиштето ,,Леково“ со доследно почитување на мерките за заштита од ,,Ковид 19“ се реализираше обука и размена на искуства од областа на артилеријата.
Во текот на обуката, офицерите и подофицерите од артилерискиот баталјон, персоналот од родот артилерија од составот на пешадиските баталјони на 1.пбр и персоналот од баталјонот за специјални сили (бСС) како и тим од 4.SFAB (Security Force Assistance Brigades) од Воените сили на САД, теоретски преку презентации, дискусии и размена на лични искуства ги надградија и подобрија своите знаења од областа на артилеријата. На крајот на обуката се реализира вежбовно гаѓање со хаубица 105 мм со вметната цевка 20 мм на стрелиштето „Леково“, на кое присуствуваше и командантот на 1.пбр, полковник Сашко Лафчиски.
Обуката за предни набљудувачи е можност за обновување на досегашните и стекнување на нови искуства, но и за надминување на предизвиците од доменот на артилерија, со што беше остварена целта на неколку дневната обука.
ВХ/ ГЃ/ ЧС