Во период од 21 до 25 март 2022 година, во Домот на Армијата се реализираше семинар од областа на цивилно воена соработка (ЦВС), во соработка со одделението за воена соработка со Вооружените сили на САД.
На семинарот учествуваа припадници од Генералштабот, потчинетите команди и единици на Армијата на Република Северна Македонија, а предавачи на семинарот се тим од стручни лица од областа на ЦВС од Командата на Армијата на САД за Европа и Африка.
На семинарот, беа разработени повеќе теми меѓу кои и запознавање со „Водич за основно планирање на Цивилно – воена соработка“, развој и интегрирање на стратегија на ангажирање, компарација и разлики помеѓу Процесот на донесување на воена одлука (ПДВО) и Водичот за основно планирање на ЦВС, обработка на сите фази во ПДВО и начинот на спроведување на активностите во двете армии како и практични вежби во делот на ПДВО.
Семинарот претставува дел од активности организирани од страна на Командата на Армијата на САД за Европа и Африка, кој е фокусиран на сегментот на ЦВС со цел зајакнување на стручноста на армиските припадници во оваа област, како и начинот на изведување на ваквите активности во мултинационални средини за поддршка на мировни операции и меѓународни вежби.
На последниот ден од семинарот, со завршна свеченост на учесниците на семинарот им беа доделени сертификати за учество на семинарот.
ЗВ