Во пресрет на одбележувањето на „18 Август“ – Денот на Армијата, припадниците на Армијата и оваа година се приклучија на традиционалната акција за доброволно дарување на крв, со што уште еднаш ја потврдија својата хуманост и солидарност.
На денешната акција, која се реализираше во ГОБ „8ми Септември“, како дел од планираните активности по повод Денот на Армијата, учествуваа припадници на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.
Крводарителна акција се спроведе и во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, каде припадниците од овој гарнизон уште еднаш ги потврдија својата хуманост, солидарност и општествена одговорност.
Согласно годишниот план за доброволно дарување на крв, припадниците на Армијата континуирано во текот на годината учествуваат во вакви акции, придонесувајќи кон спасување и продолжување на човечки животи.








