Вечерва на Школка во Градскиот парк во Скопје, Воениот оркестар на македонската Армија и Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери на Обединетото Кралство одржаа заеднички концерт.
Посетителите имаа можност да уживаат во изведби на популарни македонски мелодии и британски класични и забавни мелодии.
Концертот беше организиран од Британската амбасада во соработка со Армијата, во рамки на одбележувањето на роденденот на Неговото Височество Кралот Чарлс III.
Реализацијата на ваквите заеднички музички настани со оркестрите на сојузничките армии претставува уште една потврда за одличната соработка, меѓусебното почитување и пријателството меѓу сојузниците, како и за значењето на цивилно-воената соработка.








