Во периодот од 22.05. до 27.05.2022 година во Графенвур, СР Германија се реализира активност како дел од воената контакт програма со САД за 2022 година со учество на претставници од баталјонот Воена полиција (бВП) од Армијата на Република Северна Македонија и 709 баталјон на воената полиција на вооружените сили на САД.
Целта на посетата беше да се разменат искуства и припадниците од бВП да ги согледаат можност да се запознаат со процедурите и постапките при планирање и реализирање на колективна обука, изведување на задачи од делокругот на работата на воената полиција – поддршка на мобилноста на трупите и обезбедување при поддршка на мисијата на повисока единица.
Во изминатиот период баталјонот Воена полиција од Армијата на Република Северна Македонија и 709 баталјон на воената полиција на вооружените сили на САД заедно учествуваа на вежбите Phalanx Macedonia – 15, Warrior Shock – 16, Anaconda – 16, Saber Guardian – 17 и Saber Strike – 18.
ЃТ/ЧС