Во рамките на организација на прославата на 2 Април, Денот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) од составот на Здружената Оперативна Команда на ден 27.03.2015 година во касарните каде се стационирани единиците од составот на 1.мпбр се организира и реализира „Отворен ден за цивилните структури“.
На отворениот ден присуствуваа претставници на локалната самоуправа, приватни фирми и ученици од средните и основните училишта од Петровец, Куманово, Штип, Тетово, Кичево и Прилеп.
Во текот на денот, во касарните „Чојлија“ во Петровец, „Боро Менков“ во Куманово, „Јане Сандански“ во Штип, „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево и „Мирче Ацев“ во Прилеп во организација на единиците од 1. мпбр се реализира тактичко технички (ТТ) збор со повеќе работни точки.
На ТТ зборот деца од градинките, учениците од средните и основните училишта, но и постари граѓани, со разгледување имаа можност да се запознаат со вооружувањето и опремата кои се користат во единицата.
Граѓаните кои ги посетија касарните, а посебно учениците покажаа голема заинтересираност за прикажаните воени возила, вооружување и материјално техничките средства, со многу поставени прашања за лицата кои презентираа на ТТ-зборот.