Во период од 06.03 до 10.03.2023 година во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп во просторите на артилерискиот баталјон и на стрелиштето „Леково“ се реализираше обука и размена на искуства од областа на артилеријата.
Во текот на обуката, персоналот од артилерискиот баталјон и останатиот персоналот од родот артилерија од составот на пешадиските баталјони на 1.пешадиска бригада (1.пбр) и извидувачко разузнавачкиот баталјон, теоретски преку презентации, дискусии и размена на лични искуства ги надградија и подобрија своите знаења од областа на артилеријата. На крајот на обуката се реализира вежбовно гаѓање со хаубица 105 мм со вметната цевка 20 мм на стрелиштето „Леково“.
Обуката за предни набљудувачи е можност за обновување на досегашните и стекнување на нови искуства, но и за надминување на предизвиците од доменот на артилерија, со што беше остварена целта на неколку дневната обука.
ГЃ/СЛ