Во период од 29 до 31.03.2023 година, во Домот на Армијата во Скопје, се реализираше Обуката од првиот модул од циклусот во областа на НАТО стандардизацијата.
Обуката ја реализираше мобилен тренинг тим на НАТО од Република Грција. На обуката учествуваа припадници од Армијата и Министерството за одбрана, од повеќе сектори и области, кои се вклучени во процесот на стандардизација.
Целта на оваа активност е обучување и подготовка на припадниците од Армијата и Министерството за одбрана во извршување на задачи во областа на НАТО стандардизацијата која е обврска на секоја земја членка.
Обуката за стандардизација е поддржана од страна на Директоратот 2 на Генералштабот за национална одбрана на Република Грција.
На крајот од обуката на првиот модул во присуство на полковник Ненад Миклош, заменик началник на Ј-5 од ГШ на Армијата, на слушателите им беа поделени сертификати за учество и успешно завршена обука.
Во текот на 2023 година планирано е заокружување на обуката во областа на НАТО стандардизацијата со реализација на уште два последователни модули, Модул 2 и Модул 3.