Асоцијацијата на одбранбени аташеи (АОА) акредитирани во Република Северна Македонија, денес реализираше посета на Командата за обука и доктрини (КОД) на која остварија состанок со заменик командантот на КОД, полковник Лулзим Нуредин и раководниот персонал од командата.
За време на посетата која е дел од програмата за соработка на Армијата со ОАО преку кратка презентација подетално им беа претставени мисијата и задачите на КОД, организациско-формациската структура, активностите, трансформацијата и модернизацијата, како и идните планови на единицата.
По одржаната презентација беше реализирана обиколка и запознавање со центарот за симулации кој е во склоп на КОД. Центарот за симулации во рамките на Командата за обука и доктрини може да понуди обука и симулациски вежби на високо ниво како и современите армии, каде единиците и штабовите ќе ги извежбуваат штабните процедури за донесување на одлуки и како тие ќе влијаат на крајниот исход на борбените и не борбени дејства на единиците во реално време, на реален терен во однапред дефинирана оперативна рамка.