На ден 02.11.2015 година, во Здружената оперативна команда (ЗОК) во касарната „Боро Менков“ во Куманово, од страна на командантот на ЗОК бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, беа примени 26 новопоставени потпоручници на служба во Армијата на Република Македонија.
Командантот на ЗОК во своето обраќање ги поздрави потпоручниците и им посака добредојде и успешна работа. Генералот Ѓурчиновски ги нагласи важноста, сериозноста и професионалното извршување на задачите, истакнувајќи го фактот дека високите оценки и високата обученост претставуваат афирмација за Армијата на Република Македонија.
На приемот присуствуваа и командантите на потчинетите единици на ЗОК, кои се запознаа со потпоручниците распоредени во нивните единици и воедно накратко ги запознаа со нивните должности и обврски.
Потпоручниците од 15-та генерација на Воената академија се промовираа на 25 октомври по денешниот прием ќе ја отпочнат својата војничка кариера во единиците на АРМ каде се распоредени.