Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, пред заменик-командантот на Командата за обука и доктрини (КОД), полковник Лулзим Нуредини и штабот на командата, се реализираше шестмесечен брифинг за состојбата и поддршката на КОД во изградбата на борбената готовност на Армијата за 2023 година. Командантите и началниците на потчинетите единици презентираа за состојбата во своите единици во однос на персоналот, одржувањето на материјално-техничките средства, опремата како и активности и достигнувања од делот на обуката.
Тежиштето на вториот полугодишен брифинг во 2023 година беше дадено на решавање на предизвиците со кои се соочуваа единиците во изминатиот период, како и предлози за нивно надминување.
Како заклучок од реферирањето е констатирано успешно извршување на мисијата на КОД, особено во делот на давање на поддршка на единиците на Армијата во доменот на обуката.
АП „Криволак“ е специфичен и единствен по својата мисија во КОД, но и во Армијата, и е одговорен за поддршка на сите форми на обука и вежби на единиците на Армијата и на единиците на армиите од странските држави членки на НАТО и други партнерски земји.