На ден 23.04.2024 година согласно Месечниот план за работа на Генералштабот, главниот подофицер на Армијата на Република Северна Македонија, главен наредник Горан Ќирковиќ одржа брифинг со питомците од четврта година на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски” на тема „Улога и должности на Главен и Прв подофицер”.
Разбирањето на улогата на првите и главни подофицери од страна на идните офицери е од исклучително значење за развивањето на каналот за поддршка и неговото влијание односно поддршка на линијата за командување.
Потомците од четврта година (од армиите на Република Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) со свои видувања, прашања и коментари ја истакнаа и прифатија улогата која ја имаат подофицерите во Армијата како движечка сила во индивидуалната обука и обуката на тимско ниво со што се подигнува нивото на успешност на единицата во остварување на мисијата.