Припадниците на четата за атомска, биолошка и хемиска одбрана (чАБХО), од составот на Команда за операции (КО), денес во касарната „Боро Менков“ со воена свеченост го одбележаа 9-ти мај Денот на единицата.
За време на свеченоста командирот на (чАБХО), капетан Генц Дилавери го истакна успешното справување и брзиот одговор на сите издадени задачи како и реализираните активности на единицата во изминатиот период на целата територија на Република Северна Македонија, соработката со останатите државни институции, заеднички обуки и вежби со нашите единици, единици од НАТО земји како и успешното завршување на шест годишниот циклус на вежби и обуки согласно програмата 333 со претставници од Агенцијата за намалување на заканите во одбраната од Соеднинетите Американски Држави.
Командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини во своето пригодно обраќање по повод Денот на единицата, им се заблагодари на припадниците на чАБХО за ангажманот и посветеноста во извршување на специфичниот карактер на нивната работата, нагласувајќи дека потребата и посветеноста за усовршување и стекнување вештини е од огромно значање за одбраната.
На свеченоста присуствуваа командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини, началниците на секциите и командантите на првопотчинетите единици.
На денешната свеченост по повод Денот на единицата беа прочитани честитки и стимулативни мерки за постигнатите резултати во работата на припадници од единицата.
ИМ