По повод одбележување на 20 години од загинувањето на припадникот од ренџерскиот баталјон, постариот водник Зоран Јованов-Циго, во касарната Илинден во Скопје од страна на бројни делегации се положија венци цвеќе.
Пред спомен обележјето во негова чест му од дадоа почит делегации од ренџерскиот баталјон и други единици на Армијата, како и роднини и пријатели, а по тој повод беше реализиран падобрански скок и меморијален турнир во мал фудбал.
Зоран Јованов, своето падобранско искуство стекнато во аеро клубот Јуриј Гагарин и како војник во 63-тата падобранска бригада во поранешната ЈНА, го пренесува на припадниците на АРМ, како инструктор за падобранство во ренџерски баталјон во состав на Полкот за специјални операции.
Зоран Јованов трагично го загуби животот на денешен ден во 2004 година при извршување на неговиот 298 падобрански скок на спортскиот аеродром Коњари крај Прилеп.