Во касарната „Илинден“ пред спомен собата на командата на баталјонот за врски со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето, од страна на повеќе делегации од Армијата, семејството и негови блиски се одаде почит на капетан Зоран Бубевски кој пред 23 години трагично го заврши својот живот.
Во говорот пред присутните командантот на баталјонот за врски го истакна неговото животно дело, посветеност, својата храброст за што е посмртно одликуван со ,,Медал за Храброст” од страна на Врховниот Командант на вооружените сили.
„Денес му оддадовме почит, ја споделивме тагата и уште еднаш си ветивме дека неговата жртва и дело никогаш нема да биде заборавено, засекогаш ќе го паметиме како херој, кој го даде животот за нешто поголемо од себе“, истакна командантот.