Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, денес, се реализираше свеченост на вработените во Командата за обука и доктрини (КОД) по повод одбележување на 18 Август – Денот на Армијата. На свеченоста покрај припадниците од КОД, присуствуваа и градоначалници од зоната на одговорност на гарнизин Велес и поканети гости од локалната самоуправа и државните институции на општина Велес.
За време на свеченоста во своето обраќање пред присутните гости Заменик командантот на КОД полковникот Лулзим Нуредини се наврати на историските моменти од формирањето на Армијата, до Армија земја членка на НАТО. На крај, на сите припадници на КОД, присутни на денешната свеченост но и на сите тие кои во овој момент се на нивните работни места во и надвор од државата, им го честиташе „18 Август – Денот на Армијата“ посакувајќи им добро здравје и успех во работата.
На свеченоста беа прочитани наредбите за унапредување и стимулативните мерки за припадниците од Командата за обука и доктрини.