Денес 16.09.2016 година во касарната „Јане Сандански“ Штип, со воена свеченост припадниците од 2. механизиран пешадиски баталјон (2.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, го одбележаа Денот на единицата.
На свеченоста присуствуваа претставник од здружено оперативната команда (ЗОК) командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Зоран Милески, градоначалници од зоната на одговорноста, претставници и директори на јавни и приватни претпријатија и други цивилни лица.
Пред гостите, пригодно обраќање имаше командантот на 2.мпб, потполковник
Горан Петрушевски и командантот на 1.мпбр, бригадниот генерал Зоран Милески. Притоа се даде краток осврт на историскиот развој на 2.мпб, нивната професионалната работа, високата мотивираност и покажаните вештини и обученост.
Во рамките на свеченоста беше положено и свежо цвеќе на спомен обележјето „Македонија“ во касарната „Јане Сандански” – Штип во чест на припадниците од состав на единицата кои ги положија своите животи во конфликтот во 2001 година.
Свеченоста со своето присуство ја збогатија и најмалите гости од детските градинки „Астибо“ од Штип и „Кокичиња“ од с. Таринци.