Денес, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари средба со нерезидентното одбранбено аташе на СР Германија акредитирано за Република Северна Македонија, потполковник Ханс-Петер Вамслер, кој оваа должност ја извршува со седиште во Тирана, Република Албанија.
На средбата во Генералштабот се разговараше за можностите за продолжување и унапредување на меѓуармиската соработка во областите од заемен интерес.