Согласно Планот за билатерална соработка во областа на одбраната за 2024 година во периодот од 4 до 5 ноември се реализираше прва официјална посета на Баталјонот на Воена полиција од страна на делегација од Воената полиција на Република Албанија, предводена од заменик- командантот на Воената полиција на Република Албанија, потполковник Артур Лока.
Во рамките на посетата беа презентирани капацитетите на единицата и беше разговарано за досегашната соработка, стекнатата интероперабилност преку заедничките активности, можностите за нови полиња на соработка, како и размена на научени лекции и искуства.
Оваа посета ќе придонесе кон зајакнување на билатералната меѓуармиска соработка помеѓу двете земји.