На ден 22.11.2024 година се реализираше акција за есенско засадување со садници на територијата на касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес. На оваа акција учествуваа припадници од Командата за обука и доктрини (КОД), началниците и командантите од единиците на КОД, поранешните команданти и градоначалниците на општина Велес, Чашка и Лозово. Во акцијата беа вклучени и претставници од: Дирекцијата за заштита и спасување, СВР Велес, Одделението за одбрана, Tериторијалната противпожарна единица, Јавната здравствена установа Велес и од Црвениот крст во Велес.
Со оваа акција припадниците на КОД имаа за цел обновување на зеленилото во касарната, а воедно покажаа високо ниво на свесност и одговорност за потребата за заштита на животната средина во која живеат и работат. При тоа ги имплементираа законските обврски и добри практики со што се создаваат услови за подобрување и подигање на повисоко ниво на меѓусебната комуникација, координација и соработка помеѓу институциите во одбраната.