Во рамките на планираните активности со годишниот план и програма, на 9 октомври вработените од Командата на КОД и ЦИДПУНЛ реализираа кондиционен рекреативен марш.
Маршот за прв пат се реализираше во рамните предели на општината Лозово во должина од 9 км. Убавото време и бројноста на учесниците придонесоа да помине брзо одредената релација во заеднички разговори и дружење. Ова дружење заврши со заеднички ручек во мотелот ресторан во с. Лозово.