На 28 Октомври во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, во Центарот за индивидуална обука (ЦИО) примена е дваесет и првата генерација на војници на доброволно служење на воениот рок.
Пристигнаа вкупно 257 војници на доброволно служење на воениот рок од различни краеви на нашата држава. Меѓу нив и 17 припаднички од понежниот пол.
Командата за обука и доктрини како главен носител на процесот на обуката и единствен центар за реализација на обука на обука на граѓани на доброволно служење на воениот рок и овој пат подготвена ги прими и смести доброволните војници.
По краткиот период за прилагодување ќе започне и обуката на војниците. Командата за обука и доктрини постојано ги осовременува програмските содржини на обуката, а знаењето што ќе го стекнат војниците во идните три месеци ќе биде основа за понатамошен нивен развој како идни припадници на АРМ.