Во периодот од 27 до 30 јануари началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, учествуваше на Конференцијата за европска стратегија, која се одржа во организација на Европската команда на Вооружените сили на САД (ЕУКОМ) во воздухопловната база „Рамштајн“, Сојузна Република Германија.
Овогодишната конференција, организирана на тема „Гради, модернизирај, интегрирај“, претставуваше форум за повеќе од 800 претставници на ЕУКОМ, Одделот за одбрана на САД, НАТО сојузниците, партнери и останати владини агенции на САД.
На настанот, кој на едно место ги обедини високите воени авторитети, пленарните сесии беа насочени на стратешки дијалог за безбедносните прашања во Европа. Дополнително, беше дискутирано за безбедносната соработка и програмите за државно партнерство.
Оваа конференција претставува годишна активност и истата им дава можност на лидерите да ги искажат своите предизвици и да дискутираат како да ја подобрат интероперабилноста и соработката.
Учеството на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на оваа значајна конференција ја потврдува посветеноста на нашата Армија кон зајакнување на сојузништвото и партнерството со САД и НАТО.