Денес 14 Август во касарната „Алексо Демниевски-Бауман”, Велес Командата за обука и доктрини (КОД) ги предаде собраните средства од доброволната хуманитарна акција на вработените .
Хуманитарната акција во собирање облека обувки и школски прибор е составен дел од планските активности со кои КОД го одбележува Денот на Армијата на Република Македонија „18-ти Август“ .
15 пакети облека од кои дел обувки и школски прибор ги прими претседателот на општинската организација на Црвениот крст од Велес.
Претседателот ја искажа благодарноста за хуманоста и традиционалната соработка на припадниците од АРМ со општинската организација на Црвениот крст од Велес.