На 27 Август 2014 година во Центарот за индивидуална обука кој е во состав на Командата за обука и доктрини, започна Борбено штабен курс за подофицери. Курсот ќе го посетуваат 20 подофицери, припадници од единиците на АРМ.
Целта на Борбено штабниот курс за подофицери е преку реализацијата на планираната обука слушателите да се обучат и оспособат за работа во штабот на ниво на баталјон – бригада.
Во период од еден месец на курсот слушателите ќе имаат можност да се запознаат со организацијата на штабот на баталјон – бригада, да ги научат функционалните должности и одговорности на штабните подофицери во штабот и да ги запознаат местото и улогата на подофицерите во процесот на донесување на воени одлуки на ниво баталјон – бригада.
Истовремено, во текот на обуката на Борбено штабниот курс, слушателите ќе ги надоградуваат веќе стекнатите знаења со кои во иднина полесно ќе се прилагодат на новите должности.