Старешините и цивилните лица од командата на Команда за обука и доктрини (КОД) и Центарот за изработка на доктрини, правила, упатства и научени лекции реализираа кондиционен рекреативен марш.
Маршот е планска активност согласно Годишниот план и календарот за обука на КОД за 2014 година. Целта на кондиционо – рекреативниот марш е одржување на физичката подготвеност на персоналот од командата на КОД, а воедно претставува и можност за рекреација.
Појдовна точка на учесниците на маршот беше мостот на реката Бабуна, с. Стари Град па се до крајната цел рибник, с. Оморани. За време на реализацијата на маршот учесниците имаа можност да се запознаат со дел од теренот и природата во поширокиот реон на општина Чашка.