На 7 мај во посета на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп беше аташето на Република Турција, полковник Речај Јилмаз со неговиот заменик, капетан Ондер Арикан и началникот на штаб на 1.пбр, полковник Блерим Исмаили.
При посетата, од страна на командантот на артб потполковник Сашко Палески, беше реализиран краток брифинг за единицата, а потоа гостите присуствуваа на дел од обуката со новоопремената опрема – систем за командување и контрола на огнена поддршка.
Воедно во спомен-собата во касарната, во соработка со историчарот г. Рубинчо Белчески, беше реализирана презентација со слики за познатиот војник, политичар и дипломат Али Фети Окијар. Тој бил роден во Прилеп и бил истомисленик и соработник на Кемал Ататурк. Али Фети Окијар имал голем придонес во развојот на демократијата, како и создавањето на Република Турција.
ЏР/ДЧ