Во рамки на M2M (Mil to Mil) програмата за соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и САД за развој на капацитети и способности и со поддршка на Канцеларијата за соработка во одбраната (ODC) при Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, во период од 12.05.2025 до 16.05.2025 година во касарната „Јане Сандански“ – Штип се реализираше обука и менторирање на тимот за психолошки операции од состав на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) со припадници од PSY-DET Balkans тимот на ВС на САД.
Обуката претставува дел од сеопфатните подготовки на наменската сила со јачина на зајакната чета од состав на ЛПБГ за учество на вежбата „Immediate Response-25“ на АП „Криволак“ и вежбата „Saber Junction-25“ во Хохенфелс, СР Германија.
Активноста беше организирана и координирана од страна на Одделението за психолошки операции во Ј-3/ГШ во соработка со Командата за операции.