Денес 5 Декември во Центарот за индивидуална обука заврши примарниот курс за лидери. Курсот го завршија 45 (четириесет и пет) слушатели професионални војници на Армијата на Република Македонија.
Во текот на курсот професионалните војници се оспособија за работа во единиците како лидери на тимови – десетари, кои успешно ќе командуваат со тимовите, со што се постигна целта на овој курс.
За време на курсот војниците ја подобрија строевата обученост и изграденост. на повисоко ниво, ги повторија и подобрија веќе стекнатите воено стручни знаења и ракувањето со оружје и воената опрема на ниво на тим при извршувањето на борбените задачи.
За успешно завршениот Примарен курс за лидери слушателите добија сертификати кој ги додели командантот на Центарот за индивидуална обука потполковник Агрон Незири.