На ден 16.07.2025 година, во командата на воздухопловниот ВИНГ, беше реализирана работна посета од страна на одбранбеното аташе на САД, полковник Даниел Сквајарс и воздухопловното аташе на САД мајор Виктор Белов, акредитирани во нашата држава.
За време на посетата, американската делегација оствари средба со командантот на воздухопловниот ВИНГ, полковник Драган Павловски, придружуван од началникот на штаб од единицата. Средбата беше фокусирана на продлабочување на билатералната одбранбена соработка, особено во доменот на воздухопловните операции, обука и размена на експертиза помеѓу воздухопловните сили на САД и воздухопловниот ВИНГ, како и за соработката во делот на НАТО активностите.
Во разговорите беа разгледани можностите за проширување на заедничките активности, со цел подигнување на интероперабилноста и зголемување на оперативните капацитети на двете воздухопловни сили во рамки на партнерските односи.
Посетата претставува продолжение на континуираната поддршка и стратешкото партнерство меѓу двете земји и е во согласност со целите за безбедносна интеграција и зајакнување на регионалната стабилност преку НАТО алијансата.