На ден 16.09.2025 година во просториите на Командата за операции (КО) во Куманово, се реализираше Брифинг за спецификација на вежбата „Блесок 26“. Брифингот следува по реализираната Конференција за подготовка на вежбата „Блесок 26“ во период од 09.09. до 12.09.2025 година.
Цел на вежбата „Блесок 26“, која ќе се одржи во период од 19.04. до 27.04.2026 година, е преку фиктивно сценарио да се реализира оценување и демонстрирање на високото ниво на борбена готовност на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ). Оценувањето ќе се реализира согласно Стандардите за оценување на борбена готовност на копнените команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО, AFS Vol. VII – CREVAL (Allied Command Operations Forces Standards Volume VII – Combat Readiness Evaluations of Land HQs and Units).
На брифингот покрај командантот на КО, учествуваа и командантот на првата пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, началниците на секции од КО, директорот на вежбата и групата за планирање на вежбата „Блесок 26“.
Спецификацијата беше потпишана од страна на Командантот на КО, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, кој даде и конкретни насоки за продолжување со планирачкиот процес, со кои би се оствариле целите за успешна реализација на вежбата „Блесок 26“.