Денеска во Генералштабот беа реализирани штабни разговори со припадници на Вооружените сили на Република Италија и претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.
Акцентот на средбата беше ставен на можностите за зголемување на користењето на капацитетите на армискиот полигон „Криволак“, како и на организација на заеднички обуки и вежби во иднина при што беше изразена взаемна подготвеност за продолжување на соработката во областа на обуката и размената на искуства.