На ден 06.11.2025 година, беше реализирана посета од страна на делегација на Асоцијацијата на одбранбени аташеи (АОА), акредитирани во Република Северна Македонија, на 3.пешадиски баталјон (3.пб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр). Истите беа пречекани од заменик командантот на 1.пбр, полковник Блерим Исмаили, командантот на 3.пб, потполковник Миле Станоевски и припадниците на командата и штабот на 3.пб.
За време на посетата, од страна на припадници на штабот и командата на 3.пбр, беше реализиран брифинг, со кој АОА, беа запознаени со организациско-формациската структура, задачите, активностите, како и со предизвиците и плановите за наредниот период во единицата.
По презентациите персоналот од командата и штабот на 3.пб, одговараа на прашањата од аташеите за сегашните и идните активности на единицата, а беше реализиран и тактичко-технички збор на вооружувањето и опремата со кои располага единицата.
Аташеите се запознаа со културно историските знаменитости во тој дел од земјата, со посетата на Шарената Џамија во Тетово и Лешочкиот манастир во село Лешок.
Посетата на единиците на 1.пбр од страна на воените аташеи претставува редовна активност која се реализира врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана и Асоцијацијата на одбранбените аташеи акредитирани во земјава.
ГЃ/ДЧ








