Во период од 01 до 05 декември 2025 година во касарната „Јане Сандански“ во Штип беше реализирана работилница за изработка на Концептот на операции кoja претставува фаза во континуираните подготовки од планирачкиот процес за претстојната национална вежба „Блесок 26“.
По воведниот и поздравниот збор од директорот на вежбата, офицерот со примарна одговорност ги структурираше обврските и одговорностите со цел насочување на персоналот од синдикатите кон исполнување на доделените задачи.
Во текот на работилницата од страна на синдикатите беше извршено ажурирање на документите од Планот за вежбата и беше изработена работна верзија на оперативната наредба за вежбата „Блесок 26“.
Во рамки на работилницата беше реализиран координативен состанок помеѓу тимот за планирање на вежбата и оценувачкиот тим кој ќе го реализира оценувањето на борбената способност на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ).
За време на работилницата беше реализирано и извидување на армискиот полигон „Криволак“ со цел да се изврши проценка на теренот која е важна за планирање на активностите кои ќе се изведуваат за време на вежбата.
Реализираните активности и заклучоци кои произлегоа од завршетокот на работилницата претставуваат добра основа за понатамошните подготовки до почетокот на наредната фаза од процесот на планирање и успешно реализирање на Главната планирачка конференција планирана да се реализира во месец јануари 2026 година.









