Во рамки на планираните активности за обука со питомците од IV година од Воената aкадемија „Генерал Михајло Апостолски“, Баталјонот на Воена полиција успешно реализираше две планирани обуки со инструкторски кадар од сопствените редови.
На ден 10.12.2025 година беше реализирана обука на тема „Справување со толпа“, при што питомците се оспособуваа за постапување во сложени безбедносни ситуации, примена на тактики, техники и процедури за контрола и деескалација на толпа, со цел зачувување на јавниот ред и безбедноста.
Дополнително, на ден 17.12.2025 година се реализираше обука на тема „Обезбедување на командно место“, насочена кон планирање, организација и извршување на мерки за физичко обезбедување, контрола на пристап и заштита на клучни командни елементи во услови на зголемени безбедносни ризици.
Со ваквите активности се зајакнува подготвеноста и професионалната оспособеност на идните припадници на Армијата за успешно извршување на нивните задачи.









